Alle Amts- und Staatssprachen in kontrollierter Qualität

Биро за превод Comtext Fremdsprachenservice GmbH

За Нас

Бирото за преведување Comtext Fremdsprachenservice GmbH, основано во 1990 година во Лајпциг, им нуди на своите клиенти професионални преведувачки услуги на сите светски јазици. Во рамките на Comtext Fremdsprachenservice GmbH работи тим од 10 внимателно одбрани дипломирани преведувачи и толкувачи т.е. овластени / постојани судски преведувачи кои во соработка со околу 200 хонорарни преведувачи вршат: усни преводи (консекутивно и симултано толкување) како и писмени преводи и лекторирање на текстови од разни области : ЕУ, политика, автоиндустрија, електротехника, финасии, механика, медицина, инвестиции, право, економија, мултимедија, маркетинг, воена индустрија, енергетска економија, обновлива енергија, земјоделство, прехрамбена индустрија, образование и сл.

Доколку ви треба германско – македонски или македонско – германски превод овде сте на вистинското место. За вашите преводи се грижат:
Ролф Панкрат - (мајчин јазик германски) – Овластен судски преведувач и толкувач од
македонски на германски јазик и обратно, врши преводи од македонски на германски јазик
Соња Новак - (мајчин јазик македонски) – Преведувач на македонски јазик, врши преводи од германски на македонски јазик.

УСНИ ПРЕВОДИ - СИМУЛТАН ПРЕВОД И КОНСЕКУТИВЕН ПРЕВОД

Нашите македонски – германски – македонски преведувачи, т.е. македонски – германски – македонски толкувачи, со задоволство ве придружуваат при прeводи во судски и правни постапки, во матичните служби при венчавки, или други служби и управи не само како овластени судски толкувачи во Саксонија, Саксонија – Анхалт и Туринген туку и како стручни толкувачи во остварување на вашите приватни, културни и деловни интереси (при деловни состаноци, преговори,склучување на договори и сл.), на меѓународни конференции, семинари, саеми, и сл., како во Германија така и во Македонија.

ПИСМЕНИ ПРЕВОДИ - со заверка / без заверка

Вршиме и брзи преводи со заверка од македонски на германски или од германски на македонски јазик на вашите: изводи, венчаница, потврди и уверенија, свидетелства и дипломи, полномошно, возачки дозволи, дијагнози, и др., - по потреба преводот го добивате веднаш.
Ние ви нудиме превод по многу поволни цени и со контролиран врвен квалитет сеедно дали се работи за вашата wеб - страница, стручен превод, документација или коресподенција.

Нашата понуда ќе ве убеди!


Fremdsprachenservice GmbH има филијали во Лајпциг, Хале, Риза, Десау и Алтенбург. На тој начин сме директно достапни до нашите клиенти или по телефон: (0341) 2117861, факс: (0341) 2117862 како и on-line: www.sprachenservice.de или E-Mail: Riesa@sprachenservice.de